Се чини дека Интер најде напаѓач по мерка. Италијанскиот првак после Џеко, ќе го засили нападот и со првата ѕвезда на Торино и италијански репрезентативец Андреа Белоти. Тој е во „војна“ со клубот бидејќи одби да го продолжи договорот и сега Урбано Каиро сака да го продаде.
Неговата цена опадна со текот на годините, едно време „биковите“ одбија 75 милиони од Милан пред неколку години, но сега Белоти ќе го чини Интер околу 20 милиони евра.
Наводно, тој е скептичен бидејќи сака повеќе пари отколку што нуди Интер, но медиумите веруваат дека работата ќе биде завршена бидејќи реално и нема други опции.
Белоти пристигна во Торино од Палермо, последните четири години беше капитен на тимот и миленик на навивачите. Тој не беше ефикасен на Европското првенство, главно беше резерва за Имобиле, но постигна 108 гола на 203 натпревари за Торино и со години е меѓу најдобрите напаѓачи во Серија А.
Првата опција на Интер е Хоакин Кореа од Лацио, но е многу поскапа и се чини дека нема време за преговари со тврдоглавиот Клаудио Лотито.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal