Connect with us

Интер е незадржлив во Серија А (ВИДЕО)

Интер оствари уште една убедлива победа во Серија А. Тимот на Симоне Инзаги славеше со 0-4 на гости кај Лече. Сега „нероаѕурите“ имаат девет бода предност пред Јувентус и еден одигран натпревар помалку од „старата дама“.

Лаутаро Мартинез во 15.минута обезбеди предност за Интер, а вториот гол го постигна Давиде Фратези во 54.минута.

Потоа Лаутаро Мартинез уште еднаш ја затресе мрежата на домаќинот, а конечниот епилог го постави Стефан Де Фрај со голот во 68.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови