Connect with us

Интер би го продал Лаутаро Мартинез за 80 милиони евра

Италијанскиот првак Интер синоќа оствари голем триумф (0-1) на дербито против Јувентус во Торино, а од лето би можел да остане без Лаутаро Мартинез. Поточно, клубот од „Џузепе Меаца“ е подготвен да ги разгледа понудите од заинтересираните клубови, но само доколку се поголеми од 80 милиони евра.


Челси и Арсенал од Премиер – лигата се заинтересирани за него, но и актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид. во минатото интерес покажуваше и Барселона.

Лаутаро Мартинез има актуелен договор со Интер до 2026 година. Оваа сезона во дресот на „нероаѕурите“ постигна 16 гола и имаше три асистенции на 40 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови