Connect with us

Иниеста: Сѐ уште не сум подготвен да се откажам од фудбалот

Играчот од средниот ред на јапонскиот Висел Кобе, Андрес Иниеста, ги објасни причините поради кои продолжи да игра фудбал. 38-годишниот Шпанец потекнува од академијата на Барселона. Тој има одиграно 674 натпревари за Каталонците, освојувајќи девет титули во Ла Лига, четири трофеи во Лигата на шампионите, шест Купа на Шпанија, седум шпански Суперкупа, три европски Суперкупа и три Светски клупски првенства со клубот.


„Се се сведува на три работи – љубов, страст и инспирација. Затоа продолжив да играм во Јапонија по тешката повреда во 2020 година. Затоа Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Лука Модриќ заминуваат во Катар и ќе се обидат да ја освојат титулата на Светското првенство на оваа возраст. Сите кои толку долго играат фудбал ги бараат тие емоции. Секој има различна ситуација, но она што луѓето можеби не го сфаќаат е дека сите ја имаме таа желба, тој сон што не води. Имаме среќа да го работиме она што го сакаме. Кога ќе престанам да чувствувам емоции пред полн стадион, можеби ќе дојде денот кога ќе се откажам од фудбалот. Сè уште не сум подготвен за тоа“, изјави Иниеста.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови