Connect with us

Иниеста призна дека не уживал со Лионел Меси како соиграч во Барселона

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста, не го вброи Лионел Меси меѓу оние со кои најмногу уживал да игра. во кариерата. Тоа предизвика големо внимание во Шпанија, иако Иниеста сепак напомена дека Аргентинецот според него е најдобар играч на сите времиња.


„Не се сомневам дека Меси е број 1 во историјата на фудбалот. Никогаш не сум видел некој друг да ги прави работите што тој може да ги направи. Сегашниот Меси е поинаков. Тој стана помудар, стана уште подобар и им помага на соиграчите да го покажат својот максимум“, изјави Иниеста во интервју за „TyC Sports“.

Сепак, на прашањето кои се неговите пет омилени соиграчи во текот на кариерата, тој одговори дека тоа се сегашниот тренер на Барселона, Чави Хернандез, потоа Нејмар, Самуел Ето, Серхио Бускетс и Хуан Роман Рикелме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови