Connect with us

Ињаки Пења ќе дојде на „Камп Ноу“, тоа го оддалечува Столе Димитриевски од Барселона

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер-Штеген, треба да добие вистинска конкуренција на „Камп Ноу“, но, за жал, тоа нема да биде македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. И покрај најавите дека Барселона беше заинтересирана за него оваа зима, Димитриевски остана во Рајо Ваљекано, а каталонските медиуми потврдија дека Ињаки Пења ќе стане втор голман на Барселона по истекот на позајмицата во Галатасарај.

Пења блесна во четвртокот на „Камп Ноу“, успеа да ја сочува мрежата, имаше неколку одлични интервенции и покажа дека заслужува место во Барселона. Ова и дефинитивно ќе ги намали шансите на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски од Рајо Ваљекано да се пресели во Барселона во летниот преоден рок. Големи шанси за тоа постоеја и оваа зима, но тој остана на голот на мадридскиот клуб.

Ињаки Пења е дете на Барселона, ги помина сите помлади селекции на „Ла Масија“ од 2012 година, а неодамна наполни 23 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови