Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, не ја криеше радоста што неговиот тим го победи Баерн Минхен со 1-0 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Капитенот го постигна единствениот гол на натпреварот од пенал во 69. минута.
„Напорно се подготвувавме за овој натпревар. Сакавме да ја покажеме нашата најдобра страна. Не се сомневав дека тимот ќе даде сè од себе. Реков дека мораме да им приредиме на нашите навивачи незаборавна ноќ и успеавме. Можеби требаше подобро да ги реализираме нашите шанси, но генерално беше многу добар натпревар за нас“, изјави Имобиле.
Реваншот е на 5 март во Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













