Италијанскиот репрезентативец Чиро Имобиле одлучи да го продолжи договорот со „лацијалите“ до 2025 година и вели дека има план да ја заврши кариерата на „Олимпико“. 30-годишниот напаѓач вели дека Лацио може да се бори за највисок пласман.
„Лацио е мојата иднина, одлучив да останам во Рим и најверојатно тука да ја завршам кариерата. Се чувствувам одлично, среќен сум во овој дрес, а верувам дека тимот може да се бори и за највисок пласман во Серија А. Треба само да ја вратиме формата што ја имавме пред пандемијата на Ковид-19. Тоа не е лесно, но верувам дека ќе успееме“, изјави Чиро Имобиле.
Лацио во моментот се наоѓа на деветтата позиција на табелата со 34 бода, девет помалку од лидерот Милан, но само три негатива во однос на третопласираната Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













