Силекс постигна победнички гол против Работнички (4-3) во петтата минута од судиското продолжение, стрелец беше Бурхан Мустафов, но јавноста немаше можност да го види погодокот во интернет преносот на ФФМ. Наводно, снемало електрична енергија каде што се поставени телевизиските камери само две минути претходно, а фудбалерите на Работнички реагирале дека голот е нерегуларен.
Наводно, топката претходно ја минала гол-линијата и е вратена во поле со глава, а потоа Силекс постигнал гол. Судијата Васко Мавров не ја прекинал акцијата и дозволил Бурхан Мустафов да го постигне победничкиот погодок. Дополнителен сомнеж со доза на скандал дава фактот дека само неколку минути претходно исклучена е електричната енергија во сегментот каде се позиционирани ТВ камерите.
Седмиот погодок на Силекс воопшто не е прикажан на интернет преносот на веб сајтот на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













