Connect with us

Илкај Гундоган се прости од националниот тим на Германија

Сите шпекулираат за неговото заминување од Барселона, а Илкај Гундоган за почеток реши да ја напушти – репрезентацијата на Германија!

Во официјалното соопштение, Гундоган објави дека по долго размислување решил да се повлече од репрезентацијата, за која дебитираше во 2011 година.

Гундоган одигра 82 натпревари за Германија, а заминува како актуелен капитен.

„Мојот врв во кариерата дефинитивно беше таа чест да ја носам капитенската лента на неодамнешното Европско првенство. По толку години, имавме шанса да ја направиме нацијата горда и ми е драго што бев дел од репрезентацијата. Но, уште пред тој турнир, почувствував замор во моето тело и ум, што ме наведе на размислување за повлекување. Секако, останувам навивач на оваа репрезентација и се надевам дека ќе постигнат многу успеси, особено на Светското првенство во 2026 година. Имаме одличен селектор, силен тим и фантастичен тимски дух“, изјави Гундоган.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови