
Ардит Илјази и Џемаил Есати потпишаа четиригодишни договори со македонскиот прволигаш Шкупи. Илјази и Џемаили во Шкупи доаѓаaт од второлигашот Гостивар. Двајцата имат по 18 години. Илјази е стопер, а игра и на позицијата десен бек, додека Есати играч од среден ред.
„За мене е посебно чувство, бидејќи веќе сум дел од клуб со голема традиција во нашата земја и горд сум што ќе играм покрај „Шверцерите“. Како млад играч во голем клуб, се надевам дека ќе ја добијам довербата на тренерот и верувам во постигнување на добри резултати“, вели Ардит Илјази.
Џемаил Есати верува дека го направил вистинскиот чекор.
„Чувството за потпишување со Шкупи е нешто посебно и многу сум среќен што постигнав договор со клубот кој има славна историја со многу освоени трофеи. Во Шкупи има добра атмосфера и едвај чекам да дебитирам со тимот да го дадам најдоброто од себе“, вели Џемаил Есати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
