Connect with us

Илиевски го спаси Шкупи од пораз против Мариупол

Шкупи остана непоразен на дуелот со Мариупол (2-2) на подготовките во Турција, во вториот контролен натпревар во пресрет на квалификацискиот двомеч од Лигата на Европа против Пјуник.

Украинскиот состав прв поведе преку Јаворски по само три минути игра, но 15 минути подоцна израмнувачки погодок постигна Јусуфи. Мариупол стигна и до водство од 1-2, но Шкупи остана непоразен благодарение на голот што во 59. минута го постигна Илиевски.

Претходно, Шкупи во својот прв меч во Турција славеше над тимот на Челик од БиХ со минимални 1-0. Следен предизвик за чаирскиот клуб во подготвителниот период ќе биде дуелотПолитехника од Романија, меч што е закажан за 4 јули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови