
По крајот на репрезентативните активности, Брегалница викендов продолжува со првенствените обврски и пресметката против Ренова во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски, осврнувајќи се на периодот по неговото доаѓање на клупата на „сините“ на почетокот од оваа година вели дека Брегалница е долгорочен проект, не од денеска за утре, кој на крајот ќе биде и тоа како успешен.
„Брегалница е проект кој ќе биде успешен затоа што има амбициозни луѓе во клубот кои сакаат да го видат клубот на највисоко ниво во домашниот фудбал. Брегалница оваа година, по бројни кризи, сега влезе во Првата лига. Клубот е поставен на здрави основи и затоа и прифатив да го преземам кормилото на тимот. Но треба да се истрае во реализацијата на овој проект. Ќе има проблеми, ќе има растови и падови, но мора да се истрае на тој пат“ – вели Ѓорѓиоски.
Стратегот на Брегалница нагласува дека Брегалница и оваа сезона има индивидуален и тимски квалитет, но дел од фудбалерите ќе мора да го променат менталитетот кој мора да се издигне на победничко ниво.
„Дека тимот на Брегалница има квалитет потврда се резултатите од подготвителните натпревари во Анталија каде славевме убедливо против екипи со буџет од 40-50 милиони евра. Тие резултати на подготовките ни покажаа дека има квалитет во тимот, но можеби и не излажаа да го затвориме преодниот рок без потреба од дополнителни засилувања. Па, потоа на стартот од пролетниот дел од сезоната се случи пораз каков што се случи, со еден шут на противникот кон нашиот гол и тоа од избиена топка, и потоа следеше психолошки пад во играта поради менталитетот. Затоа мора да се менува пристапот кон играта, да се верува во себе, да се изгради победничкиот менталитет кај секој поединец, затоа што тврдам дека Брегалница има индивидуален и тимски квалитет но не смее да има психолошки падови. Мора да научиме и по примени погодоци поради индивидуални грешки, тимот да се врати во игра. Мора да се создаде и карактер како тим секогаш да се оди на победа, буквално на секој натпревар“ – вели Ѓорѓиоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
