Лидерот Шкупи утре (15 часот) на стадионот во Чаир го пречекува Работнички во првиот меч од 23.коло од Првата фудбалска лига. Со овој дуел се отвора и третиот круг од првенството.
Дефанзивец на Шкупи, Ардит Иљази, е среќен што по подолг период тимот ќе игра со присуство на навивачите и ветува максимална борба за триумф.
„Максимално сме подготвени за утрешниот натпревар и со победа да го започнеме третиот круг од натпреварувањето. Не очекува тежок натпревар против Работнички со оглед на нивните последни две победи. Исто така, среќни сме што вратите на стадионот конечно ќе се отворат за нашите навивачи и сигурен сум дека заедно ќе го добиеме натпреварот и трите бода ќе останат на Чаир“, изјави Ардит Иљази.
Шкупи преку официјалниот сајт ги повикува навивачите да бидат внимателни и да го бодрат тимот примерно, без фрлање на предмети на теренот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













