
Левиот бек Маркос Алонсо летово ќе ја напушти Барселона како слободен играч, а веќе е познато и каде ќе ја продолжи кариерата. Каталонски „Спорт“ пишува дека нов клуб на Алонсо ќе биде Атлетико Мадрид.
Со тој трансфер Алонсо би станал само третиот играч во историјата кој играл за сите три клубови од шпанското големо трио, Реал, Барселона и Атлетико. Ова досега го постигнале само Мигел Солер и Бернд Шустер.
Маркос Алонсо порасна во Реал Мадрид и одигра еден натпревар за првиот тим, по што играше за Болтон, Сандерленд, Фиорентина и за Челси. Тој пред две години како слободен играч пристигна во Барселона од „Стемфорд бриџ“.
Оваа сезона тој е во втор план и на теренот мина само 299 минути. Вкупно, 33-годишниот дефанзивец одигра 44 натпревари за Барселона, последниот во октомври минатата година. Пред него своја шанса добиваат Алехандро Балде и Жоао Кансело.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
