
Младинскиот репрезентативец Арби Воша блеска во дресот на Македонија Ѓорче Петров од почетокот на сезоната. Одлични продори, асистенции, погодоци….Ремек дело беше неговиот гол против Академија Пандев во триумфот на „лавовите“ од 3-1.
Арби Воша дефинитивно е ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ на МАКФУДБАЛ.
„Среќен сум поради победата над Академија Пандев. Голот предизвика многу симпатии кај љубителите на фудбалот, што се вели – „ја погодив“ како што треба. Но, во Ѓорче Петров не ги гледаме работите на индивидуален план, нашата главна цел е Македонија ЃП да излезе во Европа следната сезона. Засега сме на вистинскиот пат, играме добро, имаме успешни резултати и ќе се трудиме да останеме на таа насока и понатаму“, вели Арби Воша за МАКФУДБАЛ.
Тој е и младински репрезентативец, во селекција до 19 години која за жал нема да ги игра елитните квалификации поради пандемијата на коронавирусот и одлуката на УЕФА.
„Секако дека сите жалиме, ќе беше убаво да ги одмериме силите со Шпанија и со останатите селекции. Но, во едно вакво време на пандемија, желбите на фудбалерите се едно, а општото здравје и надежта дека ќе се стави на крај на пандемијата со коронавирусот сите не окупира. Наше е да играме и да размислуваме позитивно“, дополнува младиот напаѓач на Македонија ЃП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
