Connect with us

ИФФХС: Лионел Меси е најдобар во изминатата деценија

Аргентинскиот ас Лионел Меси кој го носи дресот на Барселона е избран за најдобар фудбалер во светот во изминатата деценија, според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика. Тој доби најмногу гласови од преку 150 соработници на Институтот од целиот свет. 

На второто место е рангиран Кристијано Роналдо, a трет е Андрес Иниеста. Бразилецот Нејмар се наоѓа на четвртата позиција, петти е капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Меѓу десетте најдобри се и Мануел Нојер, Роберт Левандовски, Џанлуиџи Буфон, Златан Ибрахимовиќ и Лука Модриќ.   

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови