Шкендија ќе се сретне со Струга Трим Лум во еден од најинтересните натпревари од четвртото коло во Првата фудбалска лига. Струга е лидер на табелата, а и Шкендија е без пораз, а ова ќе биде посебен меч и за најдобриот стрелец во историјата на македонските првенства, Бесарт Ибраими.
Тој долго време беше голгетер на Шкендија, потоа замина во грчкиот Ксанти, а сега го носи дресот на Струга ТЛ.
„Ја респектираме Шкендија, ги знаеме вредностите на овој тим. За мене следи многу емотивен меч откако претходно шест години играв за клубот, нема да ми биде лесно да го гледам сега како ривал. Но, во фудбалот тоа е нормално. Ние сме професионалци и ќе се обидам да ѝ помогнам на Струга. Шкендија е фаворит, но ние сакаме да ја продолжиме добрата серија и да останеме непоразени“, изјави Ибраими.
Натпреварот меѓу Шкендија и Струга се игра в недела од 16 часот во Струмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













