Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум успеа да го доведе најдобриот голгетер на сите времиња во домашниот фудбал, Бесарт Ибраими. Тој по една сезона во грчкиот второлигаш Ксанти, одлучи да ја прифати понудата на стружани.
„Се решив за Струга ТЛ, бидејќи навистина е многу сериозен клуб, кој секојдневно се труди да расте и да го достигне врвот во домашниот фудбал. Им благодарам на челниците на клубот за укажаната доверба, ветувам дека ќе го дадам максимумот и на струшките навивачи им ветувам голови, преку кои ќе стигнеме до европските натпреварувања. Се надевам дека сите заедно ќе ги оствариме целите на клубот“, изјави Бесарт Ибраими на промоцијата во новиот клуб.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski