
Актуелниот шампион Струга Трим Лум ја зголеми предноста на врвот на табелата откако ја победи Македонија ЃП со 0-1 во Ѓорче Петров. Стрелец на победничкиот гол беше Бесарт Ибраими во 24.минута. Напаѓачот имаше одлична можност во вториот дел и да ја зголеми предноста, но не ја искористи, исто како и Буњамин Шабани и Марјан Радески. Сепак, стружани ја остварија целта и освоија три бода.

Шкендија загуби од Тиквеш во Кавадарци со 2-1. Едиз Спахиу во третата минута донесе воство за Тиквеш, а израмни Енур Тотре во 23.минута. Но, Христијан Малески во 62.минута погоди за нова предност за тимот од Кавадарци и за конечен триумф.

Воска Спорт го доби дуелот (0-1) против Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ и го остави на позиција која води во бараж за опстанок. Милош Ачимовиќ беше херојот на Воска, откако успеа да реализира од непосредна близина крај неактивната одбрана на Вардар, во 32.минута од натпреварот.
Азар Омерагиќ имаше две убави шанси за израмнување, но Костадин Захов двапати беше поуспешен од младиот напаѓач на Вардар.
Гостивар и Брера одиграа 1-1. Ланре Кехинде го доведе Гостивар во водство со голот во 58.минута, а Брера израмни во финишот од дуелот со погодокот на Димитар Трајков.

На потопениот терен на стадионот во Кратово, Силекс и Шкупи одиграа меч без голови. Едноставно условите за игра беа далеку од идеални, дури и под секое ниво за прволигашки натпревар, па двете екипи не успеаја да создадат стопроцентни можности за погодок.
ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 0-1
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 2-1
СИЛЕКС – ШКУПИ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0-1
ГОСТИВАР – БРЕРА 1-1
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal