
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ потпиша нов договор со клубот, соопшти италијанскиот шампион. Договорот е до крајот на следната сезона, како што соопштија „росонерите“, а ветеранот ќе продолжи да го носи дресот со број „11“.
Како што е познато, актуелниот договор на Ибрахимовиќ истече на крајот на минатиот месец. И покрај ова, 40-годишниот фудбалер ќе остане во Милан и следната сезона благодарение на новиот договор, според кој ќе добие најмалку 1,5 милион евра како плата, но оваа сума може да расте преку бонуси, врзани со бројот на неговите голови и асистенции.
Шведскиот репрезентативец сигурно ќе го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда и се очекува да се врати на терените најрано во декември.
Official Statement: @Ibra_official ➡️ https://t.co/8BgZOIZ2Lv
— AC Milan (@acmilan) July 18, 2022
Comunicato Ufficiale: Zlatan Ibrahimović ➡️ https://t.co/0A2sQdJppp#ReadyToLeaveAMark #SempreMilan pic.twitter.com/GN44NS1cLJ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal