
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, може да го пропушти почетокот на новата сезона поради повредата на левото колено, информира „Газета дело Спорт“.
Триесет и деветгодишниот Швеѓанец се повреди на натпреварот од 35. коло од последната сезона на италијанското првенство против Јувентус (3-0).
Како што е наведено, клубот не сака да ризикува и ќе му даде повеќе време на играчот да закрепне.
Најверојатно, тој ќе се врати на терените во септември, по паузата за репрезентативните настапи.
Во првото коло од сезоната 2021/22 во Серија А, Милан ќе се соочи со Сампдорија. Ибрахимовиќ минатата сезона одигра 27 натпревари за Милан, постигнувајќи 17 гола и три асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
