Интер со пресврт го доби градското дерби против Милан во Купот на Италија со 2-1 и во следната рунда го очекува подобриот од дуелот меѓу Јувентус и Спал. Дербито траеше сто минути поради повреда на судијата, а Кристијан Ериксен во 97.минута постигна фантастичен победнички гол од слободен удар.
Златан Ибрахиовиќ постигна убавец во 31.минута, а пред крајот на првиот дел имаше блиска средба со Ромелу Лукаку која не се претвори во тепачка само поради присебноста на соиграчите.
Лукаку од пенал израмни во вториот дел, а во судиското продолжение кое траеше дури десет минути, Ериксен донесе голема победа за Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













