Македонија Ѓорче Петров е во тотален хаос, не се знае ни кој е сопственик, ни кој ќе продолжи да го води тимот, а и фудбалерите денеска добија клупски суспензии, па утре клубот ќе настапи со младинци против Шкендија.
Бобан Грнчаров замина од тренерската позиција, а и спортскиот директор Александар Бајевски се повлече од функцијата.
„Со оваа порака сакам официјално да ја соопштам мојата одлука да се повлечам од функцијата спортски директор на ФК Македонија Ѓорче Петров. Оваа одлука е донесена по внимателно размислување, сериозна анализа и искрена проценка на актуелната состојба во клубот.
Иако секогаш се водев од најдобрите интереси на клубот, почувствував дека моите визии и начинот на работа не се вклопуваат со насоката која новото раководство ја наметнува. Сметам дека недоследноста во пристапот, различните приоритети и отсуството на заедничка стратегија го прават продолжувањето на мојата работа во оваа средина неизводливо, невообичаено и неефикасно. Под такви околности, единствено исправно решение е да се повлечам.
Искрено се заблагодарувам на претходниот сопственик Имер Асан за успешната соработка, довербата и поддршката што ми беше укажана во изминатиот период. Тој период ми овозможи да работам во средина каде визиите беа усогласени и јасни. Упатувам голема благодарност и до тренерот Бобан Грнчаров и целиот стручниот штаб за нивната посветеност, тимска работа и професионален пристап. На фудбалерите им благодарам за трудот, дисциплината и ангажманот што секојдневно го вложуваваа. Им посакувам продолжување на развојот и многу успех во иднина. Особена благодарност до сите вработени во клубот, кои со својот труд и секојдневна поддршка овозможуваат клубот да функционира.
На навивачите и поддржувачите на клубот, благодарам за коректната и искрена поддршка која ја покажувавте. Иако ја напуштам функцијата, останувам со искрена почит кон клубот и неговата историја. Секогаш ќе посакувам прогрес, стабилност и спортски успеси“, вели Александар Бајевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













