
Ријад Махрез исто така не е имун на повикот на парите од Саудиска Арабија. Тој ги договори сите услови со тимот на Ал-Ахли, а сега саудискиот клуб преговара со Манчестер Сити.
Саудијците се убедени дека многу брзо ќе добијат зелено светло за трансферот на Махрез, односно дека ќе постигнат договор со челниците на Сити.
Доколку Махрез заврши во редовите на Ал-Ахли, ќе му се придружи на Едуард Менди, сенегалскиот голман кој пред неколку дена потпиша за оваа екипа. Моментно е најголемата ѕвезда на овој тим, каде се враќа и Езгјан Алиоски по позајмицата во Фенербахче.
Ал-Ахли се обиде да ги доведе Лука Модриќ, потоа Серхио Рамос и Жозе Мурињо за тренер, но планот не им успеа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
