
По заминувањето на Роман Абрамович од кормилото на Челси, јасно беше дека клубот го чекаат огромни промени не само во соблекувалната, туку и во управата.
Долгогодишниот претседател на „сините“, Брус Бак, и директорката Марина Грановскаја веќе го напуштија Лондон, а по нивните стапки тргнува и Петр Чех, кој ја извршуваше функцијата технички советник.
Новиот сопственик на Челси, Тод Боли, сакаше легендарниот голман да остане во клубот, но Чех не беше за одлуката да го пушти Ромелу Лукаку да си замине, па тоа беше една од спорните точки.
Покрај засилувања за следната сезона, Боли ќе треба да бара и кадровски решенија за слободните места од кои зависи функционирањето на клубот.
Се додека тоа не се реши, Американецот најави дека лично ќе учествува во преговорите со други клубови, па навивачите со нетрпение очекуваат нови лица во спортскиот сектор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
