Connect with us

И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Македонскиот репрезентативец Агон Елези е блиску до потпис за култниот босански клуб Сараево. По информацијата дека Стефан Ристовски ќе го засили „бордо тимот“, сега доаѓа информација дека на Кошево ќе се создаде македонска мини-колонија.

Како што е веќе познато, и екс – репрезентативецот Крсте Велкоски повторно е дел од клубот каде остави голем белег, а сега ја има функцијата на технички директор на Сараево.

Босанските медиуми веќе го најавија и Агон Елези, како одличен играч за врска, 24-годишен, кој е член на Бохум, а изминатите шест месеци играше во Хрватска како позајмен играч. Тренерот на Сараево, Зоран Зекиќ многу добро го познава. Агон Елези има договор со Бохум до летото 2027 година, а неговата пазарна вредност во моментот изнесува околу 650.000 евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови