Connect with us

Хуго Лорис го одби Лацио

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, нема да му се приклучи на Лацио бидејќи сака да биде сигурен стартер во својот нов клуб, тврди „Л’Екип“. 36-годишниот Французин ги прекина преговорите со римскиот клуб, кој веќе се договорил со Тотенхем.


Лорис не е подготвен да се пресели во тим каде што нема да има гаранции за минутажа. Тој брани за Тотенхем од 2012 година.

Неговиот договор со лондонскиот клуб е до крајот на сезоната 2023/24. Сепак, тој се договорил со менаџерот Анге Постекоглу дека ќе си замине, па сега не тренира со првиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови