Connect with us

Хуан Мата ќе игра во Данска?

Шпанскиот фудбалски ветеран Хуан Мата тренира со данскиот прволигаш Нордсјеланд, заедно со поранешниот соиграч од Лондон, Микаел Есиен, кој работи како еден од асистентите во стручниот штаб. Можно е да биде регистриран и во иднина да настапува за овој клуб.

Мата во февруари ја заврши соработката со јапонскиот Кобе. Потекнува од Овиедо и играше за младинските категории на Реал. Потоа со своите настапи во Валенсија се проби и играше за Челси, Манчестер јунајтед и Галатасарај.

Одличниот играч за врска кој има 36 години, во моментов е без клуб. Со Шпанија во 2010 година беше светски шампион и ја освои Лигата на шампионите со Челси во 2012 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови