
Хрватска беше сигурна на домашен терен и ја совлада Летонија со убедливи 5-0 во натпреварот од петтото коло од групата Д во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Хрватите поведоа во третата минута со голот на напаѓачот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ. Десет минути подоцна Петковиќ се најде во улога на асистент, а вториот гол го постигна новиот фудбалер на холандскиот шампион Феенорд, Лука Иванушец.
Петковиќ го постигна вториот свој гол една минута пред да се замине на одмор.
Хрватска во вториот дел постигна уште два гола. Андреј Крамариќ погоди во 68. минута, а потоа и Марио Пашалиќ десет минути подоцна.
Во истатата група Ерменија освои голем бод на гостувањето против Турција, беше 1:1.
Голот за водство на Ерменија го постигна Артак Дашјан во 49. минута, по катастрофалната реакција на турската одбрана. Резервата Бертуг Јилдирим на две минути пред крајот на мечот донесе бод за Турците.
Бруно Фернандеш стрелаше за триумф (0-1) на Португалија на гостувањето во Словачка, а Шкотска го победи Кипар на гости со 0-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)
