
Селекциите на Шпанија и на Хрватска ја отвораат борбата во групата „Б“ на Европското првенство со дуел од 18 часот на „Олимпијаштадион“ во Берлин. Подоцна вечерта, актуелниот првак Италија ќе игра против Албанија во другиот натпревар од групата.
Натпреварот е можност за реванш за Лука Модриќ и неговите соиграчи, бидејќи на во минатото токму Иберците ги елиминираа во осминафиналето. Тогаш Шпанците победија по изведување пенали, за потоа да стигнат до полуфиналето, каде беа елиминирани на ист начин од „аѕурите“.
Хрватите сега изгледаат во малку подобра форма според резултатите. Тие се во серија од шест последовни победи уште од есента минатата година, а пред една недела ја совладаа Португалија со 1-2 како гости во нивниот последен тест.

Тимот на Луис де ла Фуенте зеде залет за ЕВРО 2024, постигнувајќи десет гола во последните два натпревари – против Андора (5-0) и Северна Ирска (5-1), но пред тоа запишаа нерешен резултат и пораз.
Инаку, и двете селекции беа убедливи во квалификациите на патот кон Германија. Трикратните шампиони на Европа завршија на врвот во својата група, дозволувајќи само еден пораз – од Шкотска. Сребрениот медалист од Мундијалот 2018, пак, финишираше втор – на еден бод од победникот Турција.
Единствениот проблем со повредени играчи во двата тима е поврзан со состојбата на дефанзивецот на „Ла Роха“, Ејмерик Лапорт, кој не успеа да се опорави од истегнување на мускулот и ќе го пропушти натпреварот. Поради ова, најверојатно на теренот од првата минута ќе го видиме капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез.
Кај „коцкестите“, повторно вниманието е насочено главно кон Лука Модриќ. Ова лето тој ќе наполни 39 години, но не беше толку оптоварен во текот на сезоната во Реал Мадрид и би требало да има сили за нов одличен турнир.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
