
Работнички го загуби минимално (1-0) натпреварот против Струга Трим Лум во 14.коло од Првата фудбалска лига. Тоа беше дебитантски меч за Борче Христов на клупата и со оглед на поразот, не е задоволен од играта на тимот. Тој вели дека Работнички може, и во продолжение од првенството ќе мора многу подобро.
„Не сум задоволен од изданието на Работнички. Ќе мора да работиме напорно затоа што во моите замисли Работнички треба да биде сосема поинаков тим. Фудбалерите кои ќе истрчаат на теренот ќе мора да ја бараат победата, во првенствените битки бодовите се најважни. Не велам дека немаше залагање, но ефектот на теренот од сите фудбалери, а посебно од тимот во целина, едноставно мора да биде многу поголем“, анализира шефот на стручниот штаб на Работнички за официјалниот сајт на клубот.
По 14 одиграни кола, Работнички се наоѓа на осмата позиција на табелата со 18 освоени бода, а во следното коло му гостува на Тиквеш во Кавадарци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
