
Еден од ривалите на Македонија во групната фаза од Европското првенство, селекцијата на Холандија, остана без селектор. Франк де Бур си поднесе оставка на функцијата откако „лалињата“ доживеаја елиминација во осминафиналето на ЕВРО 2020.
Холанѓаните загубија од Чешка со 2-0 во осминафиналната пресметка, откако Матијс де Лихт заработи црвен картон, а Томаш Холеш и Патрик Шик беа стрелци на головите за чешкиот национален тим.
Елиминацијата во раниот дел од нокаут фазата се смета за неуспех за селекцијата на Холандија, а поради тоа Франк де Бур одлучи да ја преземе одговорноста и поднесе оставка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal