Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Франк де Бур, го објави списокот со 26 играчи кои ќе водат на ЕВРО, а најголемото изненадување е што Анвар Ел Гази го нема на него.
„Ова е список со 26 фудбалери на кои сметам за Европското првенство. Што ако имав можност да поканам 27 играчи? Мислам дека Ел Гази ќе се најде на списокот”, рече Де Бур на прес-конференција.
Ел Гази, 26-годишниот напаѓач на Астон Вила, постигна десет гола во Премиер – лигата оваа сезона и многумина очекуваа дека ќе се најде на списокот на холандскиот тренер. Интересно, Ел Гази дознал дека не оди на Европско првенство за време на едно интервју. Погледна во неговиот мобилен телефон и ја виде пораката од Де Бур.
„Во моментов не можам да те однесам на ЕВРО“, му напишал Де Бур на фудбалерот на Астон Вила.
“Тоа е пораката што ја добив. Остатокот ќе го задржам за себе”, изјави разочараниот Ел Гази.
Je zou hem op z’n minst kunnen bellen 🤦♂️ #ElGhazi #ekselectie #Pijnlijk pic.twitter.com/qKsshCIgGv
— Adam22 – 🙅🏻 (@Ziyech123) May 26, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal