Connect with us

Холандија и Сенегал одат во осминафиналето (ВИДЕО)

Холандија рутински ја заврши работата против Катар, славеше со 2-0 и го освои првото место во групата А со 7 освоени бода. Пласман во осминафиналето обезбеди и Сенегал кој во директната пресметка го победи Еквадор со 2-1. Сенегалците на крајот собраа шест бода и како второпласирани одат во следната рунда.

Коди Гакпо го постигна првиот гол за Холанѓаните, а на почетокот на вториот дел погоди и Френки де Јонг.

Сенегал поведе од пенал, со голот на Исмаила Сар во 44.минута. Моисес Каиседо израмни во 68.минута, а само две минути подоцна Сенегал ја врати предноста со погодокот на Калиду Кулибали.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови