
Искусниот фудбалер на Бетис, Хоакин, конечно дочека да освои трофеј во својот тим. Првпат по 2005 година Бетис го крена пехарот во Купот на Шпанија откако на пенали ја совлада Валенсија.
„За ова работевме многу години, постепено го градевме тимот. Излегуваат емоции од мене, затоа што знам колку навивачите се возбудени за овој трофеј. Солзите радосници и кај мене сами протекоа“, изјави Хоакин.
Тој ја завршува фантастичната фудбалска кариера.
Ова е трет трофеј во Купот на Шпанија за Бетис, а има уште една шампионска титула во историјата, во далечната 1935 година.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement