
Ветеранот Хоакин ќе игра најмалку уште една сезона. Тој го обнови договорот со Бетис до јуни 2023 година. Легендата на клубот ќе ја игра 23. сезона во фудбалската кариера, односно 14-та во дресот на андалузискиот тим.
На 21 јули ветеранот ќе наполни 41 година, што значи дека до крајот на следната сезона ќе постави нови рекорди во шпанскиот фудбал.
Тој дебитираше во септември 2000 година во втората лига на Шпанија, но и по повеќе од две децении има сили да игра на највисоко ниво.
Капитенот на Бетис досега во кариерата има одиграно 908 натпревари, од кои 498 се за матичниот клуб, 218 за Валенсија, 71 за Фиорентина, 70 за Малага, како и 51 во репрезентацијата на Шпанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
