
Фудбалската федерација и претседателот Муaмед Сејдини побарале од авторите името на селекторот Игор Ангеловски да не се споменува во химната посветена на учеството на националниот тим на Европското првенство. Вакво тврдење објави „360 степени“, поткрепувајќи го со изјави од капитенот Горан Пандев и од Илија Несторовски. Но, демантираат авторите на химната „Одиме на Европско“.
Фудбалската федерација на Македонија денеска објави еден дел од химната чии изведувачи се ВИС РИСОВИ.
Од друга страна, авторот и ко-авторот на спортската химна, Саше Љолес и Петар Младеновски и групата „ВИС Рисови“ изведувачите на песната „Одиме на Европско“ се огласија со реакција, во која како што велат им биле прифатени сите сугестии за текстот и за концептот на видео-спотот.
„Наша сугестија беше да оди верзијата во кои се споменуваат дел од најважните фудбалери и селекторот. Сметавме дека таквата варијанта на темата е најдобрата и дека таа треба да оди во етер.
Разни гласини стигнуваа до нас за тоа како и што било или би било сугерирано и која варијанта би можела да биде дефинитивна.
Со претседателот на ФФМ , г-н Сејдини ниту сме се сретнале ниту разговарале на оваа тема некогаш. Односите меѓу лица вработени во ФФМ ниту смееме, ниту сакаме, ниту сме должни да ги коментираме. При снимањето на сцените со дел од фудбалерите, апсолутно не постојат сцени во кои е намерно изоставен селекторот и истиот е вклучен во групните, онаму каде што и е предвидено да биде вклучен според сценариото на продукцијата и барањата на режисерот“ – се вели во дел од реакцијата.




-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
