
Барселона синоќа славеше во Кадиз со 0-4, но натпреварот беше во прекин повеќе од половина час откако навивач за време на натпреварот доживеа срцев удар.
Во 81. минута од натпреварот, судијата слушна свирежи и извици од трибините, но во почетокот не беше баш свесен што се случува. Набрзо сфати дека нешто не е в ред и дека на еден од фановите итно му е потребна медицинска помош.
Натпреварот беше прекинат и двете медицински екипи истрчаа да му помогнат на навивачот кој колабирал. Подоцна дојдоа и членови на Итна помош и за среќа навивачот е добро згрижен во болница.
Еден од хероите беше голманот на домашната екипа Ледесма, кој истрча да земе преносен дефибрилатор и им го донесе на лекарите.
Натпреварот во Кадиз продолжи по речиси еден час пауза, а до крајот на натпреварот Барселона успеа да постигне уште два гола и да слави со 0-4.
Сепак, јасно е дека малкумина зборуваат за тоа што се случи на теренот, а драмата што се случуваше на трибината се уште е во центарот на вниманието.
Исто така, еден од хероите е и член на медицинскиот тим на Кадиз кој прв реагирал и му пришол на повредениот навивач. Она што ги воодушеви сите е тоа што докторот истрча на трибината иако ногата му беше скршена. Сепак, ова не му беше изговор да реагира и без размислување истрча да му помогне на навивачот и да му го спаси животот.
Навивачите на трибините сфатија дека ногата му е во гипс дури откако се беше готово и кога овој доктор се враќаше назад кон клупата на Кадиз, а потоа го наградија со громогласен аплауз за неговата несебична реакција.
The doctor with a broken leg who ran to the collapsed supporter received applause
— Diario Calcio (@DiarioCalcio) September 10, 2022
REAL HERO#CadizBarca #Barcelona #Cadiz pic.twitter.com/08Hd5x7vTY

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал
