Connect with us

Херардо Мартино ќе му биде тренер на Меси во Интер Мајами

Интер Мајами, клубот во сопственост на Дејвид Бекам, по завршувањето на договорот со ПСЖ успеа да го донесе Лео Меси, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња. Меси одби финансиски подобра понуда од Саудиска Арабија и, како што вели, одлуката ја донел пред сѐ поради семејството.


Американците сега избираат нов тренер, бидејќи поранешниот соиграч на Бекам од Манчестер Јунајтед, Фил Невил, доби отказ пред доаѓањето на Меси. Како што пишува „TYC Sports“, најверојатно Меси ќе го тренира сонародникот со кој веќе соработувал, Херардо Мартино (60).


Аргентинецот, познат по прекарот Тата, ја презеде Барселона во 2013 година, откако фатално се разболе поранешниот помошник на Пеп Гвардиола, Тито Виланова. На каталонската клупа остана само една сезона и го освои само Суперкупот.


Веднаш потоа ја презеде репрезентацијата на Аргентина, која ја напушти по поразот од Чиле во финалето на Копа Америка во 2016 година, кога Меси беше на прагот трајно да ја напушти репрезентацијата.


По тој ангажман, Херардо Мартино ги предводеше Атланта Јунајтед со која стана шампион во МЛС и Мексико со кој го освои Голд купот. Наскоро треба да добие американска виза и да го преземе Интер Мајами.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови