
Тони Крос размислува за враќање во германската репрезентација за Европското првенство, објави „Билд“. Долгогодишниот член на Реал Мадрид ја напушти репрезентацијата по ЕП 2021 година. Германија загуби од Англија во осминафиналето (0-2) и беше елиминирана од турнирот.
Дотогаш, Крос за Германија забележа 106 настапи и постигна 17 гола и со неа го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година, каде во финалето по продолженија ја победија Аргентина (1-0) со голот на Марио Геце. Иако е еден од најдобрите играчи за врска во историјата, почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес, смета дека Крос не може да го спаси германскиот фудбал.
Во текот на својата фантастична кариера, Крос освои 20 трофеи со Реал Мадрид и десет со Баерн Минхен, што значи дека од неговите најголеми достигнувања недостасува само Европското првенство.
Сепак, германската репрезентација е во тешка ситуација и затоа Хенес вели дека Крос „не може да ја спаси“.
Откако беа елиминирани во групата со Јапонија, Шпанија и Костарика на Светското првенство во Катар 2022 година, Германците продолжија со слаби резултати.
Во текот на целата 2023 година ги победија само Перу, Франција и Соединетите Американски
Држави. Селекторот Ханси Флик доби отказ во септември, Руди Фелер ја предводеше репрезентацијата на еден меч, а потоа ја презеде Џулијан Нагелсман, кој треба да ја води и на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal