
Хавиер Маскерано е подготвен да стане новиот тренер на Интер Мајами, заменувајќи го Херардо Мартино, кој ја напушти функцијата од лични причини. Според новинарот Сезар Луис Мерло, Маскерано ќе потпише долгорочен договор со клубот, откако ќе ја напушти својата улога како селектор на аргентинската репрезентација до 20 години.
Аргентинецот ќе има можност повторно да соработува со својот долгогодишен соиграч Лионел Меси, со кого делеше терен во Барселона и во аргентинската репрезентација. Покрај Меси, во Интер Мајами настапуваат и други поранешни играчи на Барселона, како Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Ова назначување е уште еден чекор за Интер Мајами во обидите да ја засили својата позиција во МЛС – лигата, особено со оглед на присуството на значајни имиња од светскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
