Мексиканскиот стратег Хавиер Агире третпат е именуван за селектор на Мексико, а негов помошник ќе биде Рафаел Маркез, соопшти Фудбалската федерација на оваа земја.
„Агире без сомнение е мексикански тренер со најдолга и најпризната кариера во странство, а исто така има и широко знаење за функционирањето на националните тимови“, изјави денес директорот на националниот тим на Мексико, Дуилио Давино.
Според неговите зборови, идејата е Рафаел Маркез да биде асистент на Агире следните две години, со цел искусниот тренер да го подготви да ја преземе репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство 2030 година.
„Рафа е еден од најважните мексикански фудбалери на сите времиња, со одлична национална и интернационална кариера, а тренерската кариера ја започна во значаен тим. Му понудивме да биде асистент до 2026 година, за да го подобри своето знаење и можеби да го преземе водството подоцна“, додаде Давино.
Агире (65) беше селектор на Мексико од 2001 до 2002 година и повторно од 2009 до 2010 година, а репрезентацијата ја водеше на два светски првенства до осминафинале.
Во текот на кариерата водел и Атлетико Мадрид, Осасуна, Сарагоса, Еспањол, Мајорка, и бројни други клубови, како и репрезентациите на Јапонија и на Египет.
Од друга страна, Рафаел Маркез (45), долгогодишен фудбалер на Барселона кој има 147 настапи за репрезентацијата на Мексико, по завршувањето на кариерата се испроб како тренер и во претходните две сезони го водеше Б тимот на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













