Шпанскиот фудбалер Хави Мартинез по девет сезони во дресот на Баерн Минхен, кариерата ја продолжува во тимот на Катар СЦ.
Катарскиот клуб го потврди трансферот на Хави Мартинез преку официјалниот профил на социјалните мрежи.
„Се гледаме наскоро. Поздрав до сите фанови на Катар СЦ. Среќен сум што ве известувам дека ќе се видиме наскоро“, напиша 32-годишниот играч за врска на својот профил.
За тимот на Баерн Минхен, чиј дрес го носеше од 2012 година, Хави Мартинез одигра 268 натпревари и постигна 14 погодоци. Договорот со Баерн му истекува на 30 јуни, а двете страни претходно се согласија дека нема да има продолжување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













