Пишува: Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија се врати од Талин и што е најважно, сите се негативни на тестовите по враќањето во Скопје. Но, селекторот Игор Ангеловски се соочува со нови проблеми. Повреди, суспензии, а следи нов меч в среда, против Грузија, од тековниот циклус за Лигата на нации.
Ферхан Хасани имаше многу лошо издание на мечот против Естонија, беше заменет на полувремето и тој е ослободен од обврските за натпреварот против Грузија, Може да им се врати на клупските обврски во Хелсинки.
Стефан Спировски се жали на болки во коленото и најверојатно не е способен за настап, а Енис Барди има картони и нема право на настап. Тоа се дополнителни проблеми во средниот ред каде од претходно е повреден Аријан Адеми, кој ќе паузира најмалку десетина дена и се врати во Загреб.
Сигурно ќе следат повици за неколку нови фудбалери за последната акција од овој октомвриски циклус, против Грузија в среда на арената „Тодор Проески“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













