
Во Лондон денес беше откриена статуа во природна големина на капитенот на Англија, Хари Кејн, во присуство на фудбалерот, пренесуваат медиумите на Островот.
Напаѓачот на Баерн Минхен позираше за фотографии со скулптурата, која е поставена во центарот „Питер Меј“ во Волтамстоу, источен Лондон. Статуата се наоѓа пред мурал посветен на Кејн, каде што тој го остави својот потпис.
Кејн е роден токму во овој регион и на шестгодишна возраст играл за локалниот клуб Риџвеј Роверс.
Историјата на статуата е контроверзна, бидејќи нејзината изработка го чинела локалниот совет 7.200 фунти. Таа била завршена уште пред пет години, но нејзиното поставување било одложено поради бирократски пречки.
Скулптурата беше исмевана од дел од англиските фанови, кои ја опишаа како „нешто од кошмарите“. Навивачите се запрашаа зошто статуите на познати фудбалери речиси секогаш се слабо изработени и зошто конкретно оваа статуа на Кејн има „козја брадичка“.
A real proud moment for me to go back to where my life in football began and unveil a statue. I hope it helps inspire the next generation to work hard and believe in themselves. 🙌📸 pic.twitter.com/rbAs8RrZgS
— Harry Kane (@HKane) November 18, 2024
Критичарката за уметнички дела, Естел Ловат, за „Дејли Мејл“ изјави:
„Историски гледано, јавната статуа има за цел да го овековечи и прикаже успехот на личноста. Ако статуата не наликува на самиот човек, тешко е да се поврзете со неа“
На прашањето за нејзината прва реакција на бронзената скулптура, Ловат рече:
„Мислам дека римските императори не би се согласиле со овој стандард. Импресивна е поради својата големина, но и разочарувачка бидејќи ѝ недостасува естетска креативност.“
Самиот Кејн напиша на социјалните мрежи:
„Чувствувам огромна гордост што се вратив таму каде што започна мојот фудбалски живот за да ја откријам статуата. Се надевам дека ќе ги инспирира идните генерации да работат напорно и да веруваат во себе.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
