Connect with us

Хари Мегваер е играч на месецот во Премиер-лигата

Премиер – лигата официјално објави дека Ерик Tен Хаг и Хари Мегваер се менаџер и играч на месецот за ноември. Ова откако Манчестер Јунајтед беше единствениот тим кој не испушти ниту еден бод во лигата минатиот месец, победувајќи ги сите три првенствени натпревари, против Фулам, Лутон и Евертон.


Тен Хaг ја освои наградата по третпат откако дојде во Манчестер Јунајтед.

Покрај тоа што забележа три победи, Манчестер Јунајтед на наведените три натпревари не прими ниту еден гол. Една од главните заслуги за ова беше на поранешниот капитен Хари Мегваер, кој не пропушти ниту една минута на овие натпревари.

Хари Мегваер е првиот дефанзивец кој ја освоил наградата откако Жоел Матип беше добитник на признанието во февруари 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови