Капитенот на Англија, Хари Кејн, требаше да се појави на тренинзите на Тотенхем во понеделникот наутро, но тоа не се случи. Истиот случај се повтори и денеска, тој пропушти уште еден тренинг, а англиските медиуми одамна започнаа приказна дека тоа се случува бидејќи сака трансфер во Манчестер Сити.
Меѓутоа, денеска се појави информација дека Хари Кејн бил на одмор на Карибите и дека се вратил пред 48 часа, па морал да замине во карантин кој трае десет дена. Сепак, тој карантин може да биде намален во случај да има неколку последовни негативни тестови на Ковид-19.
Според ова, Хари Кејн треба да биде во функција до крајот на викендот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













