
Хари Кејн е подготвен да потпише нов долгорочен договор со Тотенхем. Приоритет за 29-годишниот Англичанец е да продолжи да игра за Тотенхем и да го обнови договорот кој истекува во летото 2024 година.
Германските медиуми пред десетина дена најавија дека постои можност напаѓачот на Тотенхем да стане играч на Баерн Минхен во летото 2023 година. Според информациите на Островот, за Кејн е заинтересиран и Челси, но, сепак, тој размислува само за победи и за трофеи со тимот на Тотенхем.
Хари Кејн целата кариера ја помина во Тотенхем. За лондонскиот тим има 254 гола на 395 натпревари. Кејн трипати беше најдобар стрелец во Премиерлигата и двапати беше прогласен за играч на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
