Connect with us

Хари Кејн дебитираше со гол и асистенција, Баерн моќно стартуваше во Бундес-лигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен имаше моќен старт во Бундес-лигата, како одговор на загубениот Суперкуп од Лајпциг пред неколку дена. Баварскиот тим славеше на гости кај Вердер Бремен со 0-4.

Новото супер-засилување Хари Кејн дебитираше во Бундес-лигата со гол и асистенција. Тој го проигра Лирој Сане уште во четвртата минута за водство, а потоа и се запиша во листата на стрелците за 0-2, во 75.минута.

Лирој Сане во 90.минута постигна трет гол, а Матис Тел во судиското продолжение го постави конечниот резултат, 0-4 во корист на актуелниот шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови